Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Случајот на СЈО е политички со цел да се дефокусира јавноста

Милошоски: Случајот на СЈО е политички со цел да се дефокусира јавноста

Случајот на Специјалното јавно обвинителство е политички со цел да се дефокусира јавноста, изјави за Телевизија 24 пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски откако СЈО го објави случајот „Моќник“ во кој е осомничен тој.

„Се работи за политички инспириран случај со цел да се покрие и дефокусира „Монструм“, двојазичноста и доаѓањето на Коѕијас“ - вели Милошоски.

Специјалното јавно обвинителство денеска информираше дека отвора истрага под кодно име „Моќник“ против неколку лица, меѓу кои еден актуелен пратеник и поранешен градоначалник на Македонски Брод.

Тие се товарат за кривичните дела измама и злоупотреба на службена положба при незаконска продажба на државен имот на територија на општината, со што, според СЈО, направиле штета од 50.000 евра.

Слично

Поврзани вести