Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски порача дека неспособната Влада мести апсења

Милошоски порача дека неспособната Влада мести апсења

Својата неспособност, Владата ја прикрива со местени апсења и нарачани судски пресуди и прогони, рече пратеникот од  ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва на протестот пред Министерството за правда.

Милошоски потенцираше дека со местените апсења и нарачани судски пресуди се прави неправда, а неправдите ќе родат и нови неправди.

Тој додаде дека сегашната Влада не е дојдена на власт за да ја зголеми платата и животниот стандард, затоа што како што кажа, тие немаат економски план.

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски рече дека гревот на приведените е тоа што си ја сакале нивната земја. Тој праша дали може да бидат терористи луѓето кои што немаат допрено оружје. 

ВМРО-ДПМНЕ протестира против приведените за настаните од 27 април, кога во Собранието имаше упад и насилници тепаа пратеници. 

Слично

Поврзани вести