Милошоски појасни зошто имало апстиненција на изборите
Сметам дека апстиненцијата се појавила кај голем дел симпатизери на власта кои што за време на локалните избори им дале голема доверба, а за време на претседателските избори гледам дека довербата е драматично опадната, изјави синоќа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Алфа тв.
На сето ова Милошоски додаде дека ова е добар сигнал дека има една прилично незадоволна група на гласачи која бара друга политичка алтернатива.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која што има потенцијал, имаме основа со добра програма и работа во следниот период да понудиме и за тие гласачи политичка алтернатива која што ги задоволи нивните очекувања од начинот на кој што власта ги разочарала, вели Милошоски.
Слично
