Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски поддржува отпишување на функцијата на Никола Груевски

Милошоски поддржува отпишување на функцијата на Никола Груевски

Пратеникот Антонио Милошоски го поддржува предлогот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски за укинување на позицијата почесен претседател.

Тој вели дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за реформа на партискиот статут е добар предлог.

Тоа значи дека Милошоски поддржува да му се избрише позицијата на бегалецот во азил Никола Груевски.


Сепак и покрај најавите , лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски одби експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е прогласен за почесен претседател во моментов, но истовремено е пребеган азилант во Будимпешта избегнувајќи ја двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.

Мицкоски кажа дека промената на партискиот статут е за демократизација.

Слично

Поврзани вести