Милошоски од Советот на Европа: Македонија нема да добие „датум“ оваа година
Пратеникот Антонио Милошоски, кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се оддржува во Стразбур, објави дека Македонија нема да добие датум за преговори ниту оваа година.
„ Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години“, напиша тој на Фејсбук, каде пто имаше и видео-обраќање.
