Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Oд домашна изолација беа примен на Инфективна, резултати од тестот утре

Милошоски: Oд домашна изолација беа примен на Инфективна, резултати од тестот утре

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска објави фотографија на Фејсбук од Инфективната клиника каде е хоспитализиран поради покачена температура. 

Вчера направил тест за Ковид -19 и тој резултат е негативен, но денес е направен нов тест, за што ќе има резултати утре. 

Вели дека нема други симптоми, дишењето, апетитот и расположението се добро. 

Тој претходните денови објави дека оди во самоизолација затоа што мајка му е заразена со коронавирусот, а веќе бил во контакт со неа. 


Слично

Поврзани вести