Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Никола Димитров не ни даде да ги видиме биографиите на новите амбасадори, ги прогласи за класифицирани

Милошоски: Никола Димитров не ни даде да ги видиме биографиите на новите амбасадори, ги прогласи за класифицирани

Пратеникот Антонио Милошоски денеска објави на Фејсбук дека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров не дозволил пред собраниската комисија за надворешни работи да се видат биографиите на новоименуваните амбасадори така што, како што пишува тој, ги прогласил документите за доверливи.

„Власта продолжува со грубо кршење на Деловникот на Собранието. Министерот за надворешни, Никола Димитров, денеска ги понижи пратениците во Собранието, но и новинарите и јавноста, со тоа што биографиите на амбасадорите Игор Џундев, Горан Стевчевски, Оливер Крлиу, Никола Колев, Абдулкадар Мемеди, Сузана Зеленковска, Екрем Ебиби, Рамадан Азифи, Крум Ефремов и Мира Крајачиќ кои ќе ја претставуваат Македонија во меѓународните организации во Виена, Австрија, Шпанија, Обединтетите Арапски Емирати, Словенија, Босна и Херцеговина, Германија, Украина и Шведка и нивните тези ги прогласи за класифицирани информации“, напиша пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук.

Новите редовни и вонредни македонски амбасадори кои ќе ја претставуваат земјата во Германија, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати на агендата даваа завршни зборови пред македонското Собрание, односно пред комисијата за надворешни работи пред да ги превземат новите должности.

Оливер Крлиу ќе биде редовен  амбасадор на Македонија во Мадрид, а вонредни ополномоштени амбасадори се Игор Џундев, како постојан претставник во меѓународните организации во Виена. Горан Стевчевски во Унгарија, Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати, Сузана Зеленковска во Словенија, Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска

Дипломатите треба да ги изнесат своите тези за завршни разговори пред заминување на должностите, 


Слично

Поврзани вести