Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија

Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски негира дека во Македонија ќе се градат бегалски кампови. Вели, договорот со Британија е механизам за заштита на границите, а дека нема да има мигранти во земјава, потврдува и британскиот амбасадор.

„Британија откако излезе од ЕУ, со сите земји од Западниот Балкан и со самата ЕУ склучува вакви довори каде што ја враќа легалната основа на Фронтекст, таму каде што Македонија и земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на гранците, тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам којшто е комплеменарен со Фронтекст. Нема подобар демант за ваквите спинови од изјавата на британскиот амбасадор, дека британско-македонскиот договор предвидува инвестирање во инфраструктура, економија, безбедност и образование, но не предвидува бегалски кампови во Македонија“, рече Милошоски.

Слично

Поврзани вести