Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Нема да е лесно, ама не е невозможно да се најде решение за ЈО

Милошоски: Нема да е лесно, ама не е невозможно да се најде решение за ЈО

Власта и опозицијата ги приближиле ставовите за  концептот за структурата на новото Јавно обвинителство но разликите сеуште постојат.

Пратеникот Антонио Милошоски информира дека има приближување на концептот за структурата на новото Јавно обвинителство.

„Разлики сеуште има, стигнување до заеднички текст не е лесен предизвик, но не е ни невозможен“, вели Милошоски.

Имено правните тимови на власта и опозицијата и денес ќе имаат работна средба за Законот за јавно обвинителство. Се разгледува предлог законот на СДСМ И ДУИ, и амандманите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Пред малку пак е одложена расправата во законодавно-правната комисија која како што имформираа од Собранието била закажана заради почитување на роковите од собранискиот деловник.

Слично

Поврзани вести