Милошоски негативен и на вториот тест
И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение, напиша денеска на фејсбук Антонио Милошоски.

Тој во вторникот беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби која самиот објави дека има покачена температура неколку денови. Сепак и тогаш кажа дека првиот тест е негативен. Инаку претходно беше објавено дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот.
Слично
