Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски на Фејсбук се жали за притисок: СЈО ги барало неговите авиони и фирми

Милошоски на Фејсбук се жали за притисок: СЈО ги барало неговите авиони и фирми

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ пред два часа на социјалните мрежи се пожали на притисок од Специјалното јавно обвинителство.

Антонијо Милошоски тврди дека СЈО прави притисок врз оние кои не мислат исто како Заев, кој го нарекува „аболицираниот“.

Милошоски пишува дека тимот на Катица Јанева бара податоци за тоа дали е тој сопственик на авион и на други фирми.

„СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев, прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам, а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам! Само продолжете, нема да нѐ замолчите!“


Под постот на Фејсбук, Милошоски објави и факсимили од барањата на СЈО според кои се бараат податоци од Агенцијата за цивилно воздухопловство за тоа дали Милошоски од 1 јануари 2008 година до 31 декември 2015 година бил сопственик или корисник на воздухоплови и од Централниот регистар се бараат информации за истиот периодпреглед на правни и физички лица каде Милошоски бил сопственик, управител или овластено лице.  


Слично

Поврзани вести