МИЛОШОСКИ: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отварање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина барања
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вели дека однесувањето на бугарските парламентарци во врска со извештајот на Европската комисија за Македонија кој беше усвоен, а треба да биде изгласан на почетокот на јули, на еден начин претставува отрезнување за оние коишто сметаат дека Бугарија не бара ништо освен мало корегирање на Уставот.
„Однесувањето на бугарските парламентраци во Европскиот парламент не е изненадување, но можеби е добро отрезнување за одредени левичари коишто создаваат илузија дека Бугарија не бара ништо многу освен едно мало корегирање на Уставот. Менувањето на Уставот за Бугарија е само отварање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина такви тешки барања“, изјави Милошоски во гостување на „За или против“ на ТВ Алфа.
Тој вели дека каков и да биде исходот од претстојното гласање, сето тоа што се случувало во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент треба да се смета за успех затоа што веќе сите знаат дека Македонија кредибилно тврдеше дека менувањето на преамбулата не е единствено барање од страна на Бугарија.
фото ВМРО-ДПМНЕ
