Милошоски: Ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став
Пратеникот oд редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски побара пари за кампања за бојкот на референудмот.
Тој преку соопштение испратено до собранискиот претседател, Талат Џафери извести дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум.
„Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин“- стои во соопштението на Милошоски испратено до Џафери.
Пратеникот побара да му бидат обезбедени средства за намената.
Слично
