Милошоски ја избриша северна од неговата акредитација во Стразбур
Делегација на Собранието на Македонија е во работна посета на Парламентарното Собрание на Советот на Европа а дел од делегацијата е и пратеникот Антонијо Милошоски заедно со Бетиане Китев но и пратеникот Шпреса Хадри.
Токму таму Милошоски ја пречкрта Северна од името на државата на неговата акредитација.
„Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!“ - пишува Милошоски на Фејсбук.
Слично
