Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски ја поздрави резолуцијата за Македонија изгласана во Бундестагот

Милошоски ја поздрави резолуцијата за Македонија изгласана во Бундестагот

Пратеникот Антонијо Милошоски за радио Лидер го поздрави изгласувањето на резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се признава македонската посебност, јазик и идентитет и се дава поддршка Македонија да ги направи уставните измени и да ги продолжи евроинтеграциите.

- По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг прво јас сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рече тој.

Според Милошоски, за оваа резолуција придонес дала и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со укажување на слабостите од Договорот на добрососедство со Бугарија.  Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.


Слично

Поврзани вести