Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски го испофали “соросоидот“ Милчин - Ќе ни ја преземат улогата на опозиција

Милошоски го испофали “соросоидот“ Милчин - Ќе ни ја преземат улогата на опозиција

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошски преку обраќање на социјалните мрежи упати огромни пофалби до режисерот Владе Милчин кого токму неговата партија како и медиумите кои тогаш го поддржуваа ВМРО-ДПМНЕ го нарекуваа соросид и платеник против интересите на Македонија од странски пари. За Милошоски настапот на Милчин во „Само вистина“ е пример и за актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да ги каже истите критики кон власта бидејќи им се заканува одземање и на улогата на опозиција.

„Со сите суштински идеолошки разлики со него како социјалдемократ и контроверзите од неговиот влог во режираната „шарена револуција”, сепак треба да се каже дека вчера Милчин јавно и без тактизирање ги фрли критиките што кон власта би требало да ги упати лидерот на опозицијата“, напиша пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски и додаде:

– за името и уцените
– за Грција и уцените
– за неверувањето во Заев и неговата уценетост
– за немањето реформи

– за неспособноста на Бујар и Садула
– за фаличноста на законот за двојазичност
– за можни протести на разочараните граѓани.. , итн

„Видовме дека лукаво и организирано ја превземаа власта. Сега, доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште „математички прецизно” тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција. Време е за став, без страв“ истакна Милошоски.


Слично

Поврзани вести