Милошоски е против тоа Фрчкоски да замине во ОН
Ако Фрчкоски замине во ОН, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада веднаш ќе го вратиме, вели претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски.
Тој не отстапува од намерата да го спречи испраќањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк. Пратеникот вели дека ќе ја блокира работата на Комисијата. Ќе ги искористат сите алатки за блокирање. Милошоски вели дека власта има лошо решение за амбасадор во ОН.
Слично
