Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: ДУИ нема понуди од економскиот сектор, сега гледа да ја „префрли“ топката во опозицијата

Милошоски: ДУИ нема понуди од економскиот сектор, сега гледа да ја „префрли“ топката во опозицијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва во „За или против“ изјави дека ДУИ нема што да понуди за граѓаните од економскиот сектор за тоа како да им го подобри животот. 

Вели дека ДУИ не може да го подобри животот на граѓаните во Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово и сега гледа да ја „префрли“ топката во опозицијата. 

„Се обидува на секој начин да најде домашни или надворешни актери, коишто можат да влијаат на одредена фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ, но ќе напоменам, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена од тоа што е денес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно од тоа што е денес. Затоа нашиот апел е за да имаме постабилна Влада, бидејќи СДСМ и ДУИ сигурно ќе изгубат, најдобро е луѓето да се обединат околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да имаме што поголем број на пратеници“, рече Милошоски. 

Вели дека така ќе направат Влада без ДУИ. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести