Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЛОШОСКИ: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

МИЛОШОСКИ: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.

Но, од друга страна пак, посочува Милошоски, ДУИ тешко се справува со позицијата во опозиција и смета дека нивниот претседател, Али Ахмети очигледно, во обидот да привлече внимание и кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста.

За писмото кое денеска Ахмети го испрати до премиерот Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива затоа што тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.

„Прво, самиот Али Ахмети се побива себе си со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија со агенда за животната средина“, вели Милошоски. 

Ахмети од ДУИ испрати писмо до меѓународни лидери за да изрази загриженост околу последните одлуки на Уставниот суд за укинување на балансерот и најавената ревизија на Законот за употреба на јазиците. Според Ахмети, ситуацијата е сериозна. 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, но истакнува дека мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин.

Слично

Поврзани вести