Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски донесе макета на Димитров во Собранието

Милошоски донесе макета на Димитров во Собранието

Пратеникот oд ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Твитер објави фотографија на која е до вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Но, Димитров не се појави на собраниската Комисија за надворешна политика. Станува збор за макета. 

„Лабаво во Собрание со вицепремиерот Димитров.#СликаИмаТонНема“, пишува Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ бара во Собранието да се дискутира за односите со Бугарија. 

Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цениме дека е крајно неодговорно отсуството на вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни, Бујар Османи, на денешната Комисија за надворешна политика“, рече Милошоски.

Сепак, немаше расправа за македонско-бугарските односи и ризикот од блокада на македонските евроинтеграции. На Комисијата за надворешна политика не присуствуваше власта, а од пленарната седница си замина и најголемата опозициска партија. По ова седницата е прекината. 

Слично

Поврзани вести