Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски до Камбовски: Милошевиќ одамна не ти е достапен

Милошоски до Камбовски: Милошевиќ одамна не ти е достапен

Антонио Милошоски, единствен од 120. пратеници во сегашниот собраниски состав што јавно најави дека ќе го бојкотира референдумот за договорот Заев-Ципрас, на „твитер“ му реплицира на поранешниот претседател на МАНУ, Владо Камбовски, кој вчера изјави дека организирано бојкотирање на референдум е противзаконски бидејќи на тој начин се оневозможува спроведување на веќе донесена одлука.

„Погазен е Уставот, референдумот е незаконски, Владата прави кривично дело со трошење средства за кампања, а за бранителот на вербалниот деликт и слугата Јернеј на оваа @VladaMK било казниво што ќе #Бојкотирам и организирам. Професоре, Милошевиќ одамна не ти е достапен на телефон!“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Македонија.

Камбовски е поранешен министер за правда во Владата на Анте Марковиќ во некогашна СФР Југославија.

Слично

Поврзани вести