Милошоски: Директорот на „Дрисла“ повикан на информативен разговор во полиција
Пратеникот Антонио Милошоски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ23 рече дека директорот на скопското претпријатие „Дрисла“ од редовите на ДУИ бил повикан на информативен разговор во полиција, по серијата на пожари кои избија на депонијата.
„Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ и знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже и според тоа и според други сознанија дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или не сторување се случил тој пожар во Дрисла кој што предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран.
Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника, да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект“, рече Милошоски.
Претходно,од депонијата „Дрисла“ излегоа со соопштение дека Даме Димитровски, претседателот на Управниот одбор на ова комунално претпријатие, му е личен другар на премиерот Христијан Мицкоски.
