Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Чекам казна од Заев

Милошоски: Чекам казна од Заев

Мојот потег е во согласност со народната волја изразена на Референдумот 2018 година и индивидуалната слобода на изразување како човеково право. Со нетрпение ја очекувам казната што ќе ја определите за ова казниво дело, со надеж дека истата нема да биде според принципот по 1€ на три доверители! Со нетрпение ја очекувам казната што ќе ја изрече премиерот Заев, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Ваквиот коментар на пратеникот следува по изјавата на премиерот Заев дека пречкртувањето на „Северна“ е непочитување на Уставот и казниво дело.

- Со посебно внимание ја слушав изјавата на премиерот Заев, кој конечно сфатил дека Уставот е светост во секоја земја, но цени дека потегот на Милошоски да го пречкрта „Северна“ од неговиот беџ како пратеник на Македонија во Советот на Европа е „безобразен“ и “казниво дело“, напиша Милошоски.

Поранешниот министер за надворешни работи на редовното Парламентарно собрание на Советот на Европа на својата акредитација ја пречкрта придавката Северна на новото уставно име на земјава.

Слично

Поврзани вести