Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЛОШОСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ: Амбасадорот во Италија со нота ги прогласил за неважечки пасошите на Македонија

МИЛОШОСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ: Амбасадорот во Италија со нота ги прогласил за неважечки пасошите на Македонија

Нашиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди самоиницијативно до италијанските власти доставил нота во која ги известил дека и валидните патни исправи со името Република Македонија до 12 февруари се неважечки. 

„Со тоа, наместо да ги штити, тој постапил спротивно на интересите и правата на граѓаните“ реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Со тоа вели на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, им е загрозено нивното право на слободно движење, а загрозено им е и правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

Вели дека се работи за сериозен скандал затоа што ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.

Милошоски објави и фотографија од документот кој Мемеди го доставил до тамошните власти.

Пратеникот бара Владата да донесе одлука за отповикување на амбасадорот во Рим и да назначи соодветен дипломат како вршител на должноста шеф на македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Италија. Политичка одговорност и оставка се бара и од министерот за надворешни работи,  Бујар Османи доколку се утврди дека ваквата постапка се случила со негово и со знаење на МНР.

Од МНР уверуваат дека ваквиот потег на Мемеди веќе е повлечен и никако нема да влијае врз нашите граѓани кои живеат во Италија.

Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, додаваат оттаму.

Слично

Поврзани вести