Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Апелациониот суд потклекна на политичкиот притисок на СДС и медиумите блиски до СЈО

Милошоски: Апелациониот суд потклекна на политичкиот притисок на СДС и медиумите блиски до СЈО

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на Апелациониот суд Скопје да ги прифати „бомбите“ како доказ за „шамарите за Жерновски“. 

Според него, одлуката  е скандалозна. Вели дека судиите кои ставиле потпис на ваква одлука многу добро го знаат членот 12 став 2 од Законот за кривична постапка. Милошоски додава дека нелегално стекнати материјали ниту можеле ниту можат да служат како докази во било која постапка. 

„Сакаме да реагираме на скандалозната одлука на Апелациониот суд којшто потклекна на политичкиот притисок на СДС и медиумите блиски до СЈО. Судот не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на закон и никако поинаку“- вели Милошоски.

Во соопштението од Апелациониот суд Скопје стои дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка.

Апелациониот суд Скопје ги прифати нелегално прислушуваните разговори како докази во случајот за „шамарите за Жерновски“ и насилствата во Општина Центар. Основниот суд Скопје 1 претходно ги отфрли прислушуваните разговори како доказ, но СЈО се жалеше пред  апелација, која им ја уважи жалбата.

Пред две години СДСМ објави телефонски разговор во кој се слуша како тогашниот премиер, Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на седница. 

Слично

Поврзани вести