Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: 15 јули прифатлив датум за избори, но под два услови

Милошоски: 15 јули прифатлив датум за избори, но под два услови

Антонио Милошоски, пратеникот и дел од кандидатската листа на ВМНРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори, денеска на прес-конференција пред новинарите рече дека за најголемата опозициска партија е прифатливо денот на гласање да биде на 15 јули но со исполнување на два услови.

- Доколку се воспсотави набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХР до тогаш и се воведат сериозни здравствени протоколи за изборната кампања и денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули и ќе биде победничка партија, рече Милошоски. 

Тој додаде дека сега е редот на СДСМ да одлучи и да се јави кај нив со одговор дали им е прифатлив овој датум со исполнување на овие два услови.

Вчера лидерот на партијата Христијан Мицкоски пред јавноста објави дека датумите 5 и 8 јули за избори за него се неприфатливи.

Слично

Поврзани вести