Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милков: Ветото е како атомското оружје

Милков: Ветото е како атомското оружје

Ветото не е решение, а повлекувањето на амбасадорот е симболика, вели бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков. 

Вели дека нивниот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, ќе остане во Софија на консултации. Милков  за БНТ, изјави дека амбасадорот помага во утврдувањето на фактичката состојба со настаните во Македонија.

„Јас не сум приврзаник за вето, тоа е точниот збор. Секогаш сум сметал дека ветото е како атомското оружје, тоа не треба да се користи, туку да поттикне страните да седнат на маса и да си ги решат проблемите“, кажа Милков.

Милков во интервјуто исто така порача македонските институции да обезбедат ред на 4-февруари за да може да отиде секој што сака да се поклони пред гробот на херојот Гоце Делчев во Скопје. 

„Во однос на контранападот против Ангел Џамбаски и други наши политичари, мислам дека сега тоа е дел од еден нов македонски наратив, кој се обидува да го намали значењето на нападот над Бугарин“, вели Милков.

За нападот на Христијан Пендиков од Охрид ги известил и сите земји-членки на Унијата.

Бугарија синоќа објави дека го повлекува амбасадорот и дека ги замрзнува проектите со Македонија. Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов повика Бугарија да го врати ветото за Македонија. 

За 4 февруари, од партијата на Македонците во Србија најавија дека ќе дојдат и дека нема да дозволат бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да се доближи на гробот на Делчев. 


Џамбаски му се закануваше на македонскиот претседател Стево Пендаровски. 

Слично

Поврзани вести