Милков: Поради заканите во оваа фаза, Христијан Пендиков нема да се врати во Македонија
Според бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков уште не е безбедно охриѓанецот Христијан Пендиков да се врати во Македонија.
Него неодамна го нападнаа три момчиња, по што бугарската Влада прати авион и го однесе на лекување во Софија. Тој е секретар на бугарскиот културен клуб. Министерот вели дека момчето добивало закани.
„Поради заканите во оваа фаза, Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб во Охрид, нема да се врати во Македонија, туку ќе остане во Бугарија. Прашањето за почитување на правата на луѓето со бугарски идентитет, како и на бугарскиот граѓаните кои живеат во Република Северна Македонија, е политичко прашање. Тоа е содржано во различни документи. Тоа е вградено во Декларацијата на Националното собрание од октомври 2019 година и ние сме должни соодветно да реагираме“, рече Милков.
Бугарија се закануваше со враќање на вето за Македонија.
Но, европратеникот Илхан Ќучук смета дека надворешни фактори сакаат лоши односи меѓу двете земји.
Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Северна Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди. Во Македонија е најавено отворање на бугарски клуб во Куманово, за што Левица најави протест.
