Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милков: На неопределено време го повлекуваме амбасадорот од Скопје, а преговорите на Македонија со ЕУ ги замрзнуваме

Милков: На неопределено време го повлекуваме амбасадорот од Скопје, а преговорите на Македонија со ЕУ ги замрзнуваме

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков вечерва изјави дека Бугарија ги замрзнува преговорите со ЕУ за евроинтеграција на Македонија.

Вели дека на неопределено го повлекува бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје поради според Милков „вознемирувачката состојба во однос на правата на Бугарите таму и ескалацијата на злосторствата и настаните од омраза во последните месеци.“

„Македонија во овој случај, за да продолжи по својот европски пат, мора да ги почитува преземените обврски во рамките на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат обврските со децении, што значи дека нема да почнат преговори.“ , вели Милков.

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук и известувач за Македонија изјави дека ветото би била голема грешка. Ќучук за Бугарското национално радио, го осуди инцидентот со Христијан Пендиков во Охрид и смета дека високорастечката тензија мегу Скопје и Софија на билатерален план ќе донесе непродуктивна година.

Односите меѓу двете земји се влошија. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му се закани на македонскиот претседател Стево Пендаровски. 

Maкедонскиот амбасадор Ивица Боцевски бара ЕУ да реагира. 

Слично

Поврзани вести