Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЛИОН ДОЛАРИ: Толку пари доби најдобрата учителка на светот

МИЛИОН ДОЛАРИ: Толку пари доби најдобрата учителка на светот

Андрија Зафираку, учителката од Велика Британија е добитничка на наградата од еден милион долари, која ѝ е доделена на Глобалниот форум за образование во Дубаи. Таа се најде меѓу 50 финалисти.

Триесет и деветгодишната Зафираку, која предава уметност во едно училиште во Брент во северозападен Лондон, ја прими наградата на посебна свеченост во Дубаи, на којашто присуствуваа и поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, Тони Блер и светскиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, а по пат на видео-врска ѝ честиташе премиерката Тереза Меј.

„Бев шокирана, не бев свесна дека сум јас. Училиштата би требало да бидат сигурни засолништа, но многу деца живеат во тешки услови и не јадат доволно, затоа што нивните кутии за оброци се празни. Токму училиштата треба да направат разлика, особено преку креативни предмети, како уметност. Ова често се занемарува, особено во посиромашните заедници“ - кажа Зафираку.

Глобалниот форум за образование и вештини се одржува шести пат и претставува најзначаен светски собир на лидери во образование.

Меѓу оние што одржаа говор на Форумот беа Никола Саркози, Ал Гор, Џулија Гилард и Ирина Бокова.

Слично

Поврзани вести