Миликије Халими со службени пари купувала креми, цигари, свеќи
Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново ги купувала со буџетот за репрезентација, кој најчесто е предвиден за службени ручеци, посети на странски делегации и работни состаноци.
Во Општината се купувале кроасани „севн дејс“, влажни марамчиња, мирисливи свеќи од лаванда, ванила, портокал, релаксирачки освежувачи за простор, креми за раце, пренесува Макфакс.
Слично
