Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардери кои нема да им остават пари на своите деца

Милијардери кои нема да им остават пари на своите деца

Заедничкото за овие ултра богати луѓе е што никој не мисли дека со ова им прави лошо на децата, тука ако тие можеле тогаш и младите треба да можат да се снајдат.

Еден од најбогатите луѓе на светот, Ворен Бафет веќе има ветено дека ќе раздаде 99% од своето богатство во добротворни цели за време на својот живот или по смртта.

Основачот на Ибеј, Пиер Омидјар, стана милијардер на 31 година. Оттогаш тој се посвети на донирање на најголемиот дел од своите пари на сиромашните, наместо на своите деца. Тој во 2010-та го потпиша ветувањето на Гејтс и Бафет за донирање на најголемиот дел од своето богатство.

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, ја врши оваа функција за плата од 1 долар годишно, во најголем дел затоа што тој веќе има нето вредност од 19,5 милијарди долари.

Џина Рајнхарт, најбогата жена во Австралија планира да ги лиши своите четири деца од евентуалното наследство. 

Бил Гејтс добар дел од своето богатство го даде на Бил и Мелинда Гејтс фондацијата, која го започна и "The Giving Pledge," проектот, во кој бараат од другите богаташи да се приклучат и да подарат барем половина од своите пари во добротворни цели. Денес Фондацијата има имот од околу 37 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести