МИЛИЈАРДЕР ОД ЛИСТАТА НА ФОРБС И ПОРАНЕШЕН КОСОПСТВЕНИК НА НИКШИЌКАТА ЖЕЛЕЗАРНИЦА - еве кој е новиот газда на една српска банка
Нов сопственик на Експобанка а.д. од Белград, од овој вторник и официјално е Александар Шнајдер, потврдија од Народната банка на Србија за порталот N1. Сопственоста на сто отсто од оваа банка ја стекнал на 18 април, со запишување во Централниот регистар на хартии од вредност. Во исто време, Шнајдер е и мнозински сопственик на Адриатик банка во Црна Гора, каде што претходно беше косопственик на никшќката Железарницата.
Експобанк, поранешна Марфин банка, досега беше во сопственост исто така на физички лица - државјанин на Руската Федерација Игор Ким, кој имаше 72,25 отсто удел, додека Герман Цој имаше удел од 17,86 отсто. Останатите биле мали акционери со акции од 3,18 отсто и помалку.
Од 18 април, како сопственик на Експобанка е регистриран Александар Шнајдер, кој веќе има мнозинска сопственост на банка во регионот - Адриатик банка во Црна Гора.
„Адриатик банка не побара претходна согласност од Народната банка на Србија за стекнување на сопственост што ќе и овозможи да има пет отсто или повеќе право на глас во Експобанк а.д. Белград, но претходно одобрение беше побарано и добиено на 29 март 2023 година од нејзиниот индиректен сопственик со 80 отсто учество во капиталот на банката - Александар Шнајдер“, се наведува во одговорот на Народната банка на Србија до порталот N1.
Според НБС, подносителот на барањето за претходно одобрение за стекнување сопственост во банката, согласно прописите, е должен да ја извести НБС за стекнувањето на сопственоста за кое е дадено ова одобрение.
„НБС беше известена дека на 18 април 2023 година, Александар Шнајдер стекна стопроцентна сопственост во Банката, која беше внесена во Централниот регистар за депозити и хартии од вредност, така што оваа информација за банката беше ажурирана на веб-страницата на НБС истиот ден“, соопшти централната банка.
Прочитајте повеќе на N1.
