Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЛЕВСКИ: Став на Централниот одбор на ЛДП е дека се несериозни барањата на Алтернатива за промени во Здравство среде пандемиска криза

МИЛЕВСКИ: Став на Централниот одбор на ЛДП е дека се несериозни барањата на Алтернатива за промени во Здравство среде пандемиска криза

Лидерот на еден од помалите владини коалициони партнери, ЛДП, Горан Милевски, не објавува засега повеќе детали за вчерашната средба со премиерот Зоран Заев, но затоа го кажува својот став дека сега, среде пандемиска криза во земјава, се несериозни барањата на Алтернатива за промени во ресорот задравство. Тој утрово на својот фејсбук профил го сподели ставот на професорот д-р Никола Пановски, искажан во гостување на ТВ Телма. 
„Став на професорот Пановски, но и на Централниот одбор на ЛДП.

Несериозни се одлуките и барањето на Алтернатива за промени во ресорот здравство на сред пандемиска криза“, пишува утрово Милевски на својот фејсбук профил. 

А микробиологот д-р Никола Пановски го има следниов став за ова прашање.
„Што се однесува до министерската промена во здравството, при ваква состојба во здравството, во време на пандемија, сметам дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче“, вели Пановски. 

Пановски ги критикуваше младите кои според него не се тестираат и користат лажни сертификати

„Така се добиваат нереални бројки во однос на позитивните. Во време на пандемија сите треба да се лекуваат во јавното здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот“, рече тој.

Слично

Поврзани вести