Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миленко Неделковски контра Васко Ефтов: Димитров и Поповски нема да прават партија

Миленко Неделковски контра Васко Ефтов: Димитров и Поповски нема да прават партија

Миленко Неделковски денеска на својот профил на Фејсбук објави дека нема да има ништо од гласините за фомирање на т.н.Конзервативна партија од страна на актуелниот и претходниот министер за надворешни работи - Никола Димитров и Никола Попоски за која е замислено да превземе дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ. Како трета личност во раководството на тој нов политички субјект на сцената се споменуваше и името на Митко Јанчев, исклучениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен градоначалник на Кавадарци.

– Оркестрираниот дувло-мувло напад врз Никола Поповски.(Поука од авторот: Лажеа со фејк-њуз, на кои за жал и јас наседнав, и дека бил во Пастел кога се собираа екс-вмровските функционери подготвувајки го предавството во Собрание.) – напиша Миленко на Фејсбук.

Инаку, како што објави Алфа ТВ, двајцата, актуелен и поранешен шеф на дипломатија, ја гледале својата шанса поради дипломатското искуство и угледот кој го стекнале низ годините во односите со меѓународните претставници дека ќе ја добијат поддршка од Западот и за овој проект, велат нашите извори.

Ваква можност претходно најави водителот Васко Ефтов во својата најнова емисија „Во центар“.

-Бидејќи и едниот и другиот во моментов се потенцијални кандидати да застанат на чело на една партија која би можела да биде формирана со некаков работен наслов или работно име Конзервативна партија. Никола Попоски не гласаше ниту во првиот круг на уставни измени, ниту во вториот круг. Многумина сметаа дека човекот не сакал да гласа, но има одредени анализи дека му било речено да не гласа, дека му било речено да биде заштитен бидејќи ќе можат да поминат и без неговото гласање. Дали тој или Никола Димитров, еден од нив двајца се потенцијални кандидати да застанат на чело на тој работен проект Конзервативна партија, наведе Ефтов.


Слично

Поврзани вести