Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миленко Неделковски е на разговор во полициската станица во Велес

Миленко Неделковски е на разговор во полициската станица во Велес

Новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес, oбјави ТВ 24. 

Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат.

Според извори на истрагата, Неделковски е повикан поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го пласираше на својот јавен профил на социјална мрежа.

Тој летово објави коментар на Фејсбук во кој наведе дека не ги жали затоа што се соочуваат со пожари. ОЈО го товари за ширење на расизам и ксенофобија, преку компјутерски систем, од чл.394-г став 1 од Кривичниот законик.

Слично

Поврзани вести