Миленко не чувствува никаква вина за она што го пишуваше на Фејсбук за грчките пожари
Основното јавно обвинителство Скопје лани во октомври до Кривичниот суд достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Се работеше за новинарот Миленко Неделковски кој што денеска седна на обвинтелна клупа за ширење омраза на социјалните медиуми.
– Осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци, кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години, соопштија од Обвинителството кога го отворија случајот.
Денеска Миленко кажал дека не чувствува вина.
„Не се чувствувам виновен“-рекол Миленко.
Адвокатот на Неделковски побара наредното судско рочиште да се снима аудио и визуелно а на новинарот му се заканува затворска казна од една до пет години.
