Милена им порача на Скопјани кои и ги навредија децата „црнчиња“: Доста е!
Расистички напад на три деца во Скопје е причина мајката револтирана на социјалните мрежи да каже Доста е!
Нишон и неговите брат и сестра одејќи кон школо имале непријатна случка. Нивната мајка Милена Милошевска на социјалните мрежи раскажа дека тие биле нападнати на Плоштадот во Скопје на вербален но и на физички начин од млади момчиња кои имале околу 20 години.
Оние граѓани пак кои во моментот на случувањето не мрднале со прст да ги спречат напаѓачите во овој случај.
-Како мајка го пријавив слулајот во полиција а на моите деца им ветувам дека јас како нивен протектор, овде дома, во РСМ нема да дозволам, повеќе да бидат напаѓани врз никаква основа, а најмалку расна-пишува Милена.
„Таа им порача на луѓето дека „Има предрасуди кон оние кои се полни со предрасуди“ .
По ова во јавноста се јавија и низа негодувања но и поддршка за мајката.
Како и да, каков став и да имате важно е да се знае дека Сите деца се деца без разлика на бојата на кожа.
