Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Зечевиќ качен на коњ тргна кон Крушево

Миле Зечевиќ качен на коњ тргна кон Крушево

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, предводеше коњички марш на младите социјалдемократи по повод државниот празник Денот на републиката - 2 Август.
Маршот се одвивал до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, како што наведуваат од СДСМ „во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република“.
Генералниот секретар на СДСМ е познат по егзибиционистичките одбележувања на празниците. Пилотирајќи со спортски воздухоплов,Зечевиќ минатата година го донесе Благодатниот оган од Ерусалим и му го предаде на МПЦ-ОА пред големиот христијански празник Велигден.


Слично

Поврзани вести