ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Лефков под напад на бугарски медиуми дека брат му има бугарски пасош

Миле Лефков под напад на бугарски медиуми дека брат му има бугарски пасош

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков,вели дека е сред оркестриран напад од бугарски медиуми,кои вчера објавија дека голем дел од неговите роднини, а исто и неговиот брат, поседувале бугарски пасоши.

„Речиси 20 Лефковци од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се покажаа како бугарски државјани, откако поминале низ постапка во која изјавиле дека имаат дедо Бугарин и дека самите се чувствуваат Бугари. Во исто време, партијата на Миле Лефков се спротивставува на вклучувањето во уставот на сите луѓе во Република Северна Македонија (РСМ) кои се дефинираат како Бугари“, објави влера бугарски „24 Часа“.

На ова единствениот пратеник од Кочани реагираше дека станува збор за нарачан напад откако јасно се спротивставил на политиката на Бугарија кон Македонија.

„Хибридна офанзива во полн ек! Објави насочени против мене и мојата фамилија – објава на 24 часа бг. За минута превземена на страници кај нас-лаги, вести, дискредитации, стартуваат по нарачка, од ботови, скришни или бугарски страници, а потоа молневито се шират! Координирана и скапа акција!

Ова не е параноја, туку организирана операција против секој што се бори за македонските интереси- СДС да одбере страна! Рацете подалеку од фамилијата! Рацете подалеку од Македонија!“,реагираше Лефков.

ad
Слично

Поврзани вести