Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Јанакиески: Зошто договорите за „Шпански скали“ до сега никој не ги раскинал?

Миле Јанакиески: Зошто договорите за „Шпански скали“ до сега никој не ги раскинал?

Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, на почетокот на воведниот збор на судењето за случајот „Шпански скали“ пред Кривичниот суд рече дека договорот за продажба на државно земјиште од плоштадот во Скопје на приватна фирма за градење на фамозните „Шпански скали“ не било можно да се раскине.

Тоа според Јанакиески, кој е обвинет заедно со уште десетина службеници и јавен правобранител за продажбата на државно земјиште во центарот на Скопје и оштетување на државниот буџет преку злоупотреба на функција, до сега не го направиле ниту неговите наследници како министри во ресорот ниту градоначалникот на Центар. Овој случај, според Јанакиески, е за граѓанска, а не за кривична постапка.

„Состојбата на договорите за кои сум обвинет дека не сум ги раскинал е иста до денеска. А обвинет сум само јас. Двајца министри после мене не се обвинети, не е обвинет ни градоначалникот на Општина Центар, иако обвинението се однесува и на периодот по моето заминување од функцијата во 2015 година. За овој случај сум една година во притвор. СЈО постапуваше по овој предмет, не најде основ за поведување на истрага“, рече Јанакиески пред судијата Владимир Туфегџиќ.

Тој вели дека не можел да ја следи сам реализацијата на стотици договори, бидејжи во неговиот ресор имало државен секретар и служби и дека во случајот „Сончев град“ е обвинет за спротивното - за раскинување на купо-продажни договори.

Станува збор за случајот со продажбата на пацела на Плоштад Македонија за изградба на барокна 20-катница со фамозните Шпански скали. Направено е приватизирање на површина од 1.046 метри квадратни на просторот помеѓу градскиот плоштад и Градскиот трговски центар, кој сега е плочник со тревник. 

Земјиштето во 2013 беше продадени на инвеститор од Албанија за сума  од 1,5 милиони евра. Јанакиески и десетмината преостанати се обвинети за злоупотреба на службена должност и оштетување на државниот буџет за 2,6 милиони евра.

Станува збор за истата локација која Град Скопје изминатиот период ја покри со тревник за да не биде нагрдуван просторот.

Истовремено се очекува и судска завршница за тоа дали недвижнината ќе остане во приватна сопственост, или повторно ќе биде вратена на државата.



Слично

Поврзани вести