Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Јанакиески повторно пријави самоизолација, овој пат полицијата ќе го доведе во судница

Миле Јанакиески повторно пријави самоизолација, овој пат полицијата ќе го доведе во судница

Денешното рочиште за предметот "Траекторија" кој го води Судијата Горан Бошевски а застапник на обвинението е јавниот обвинител Лиле Стефанова започна со доставен писмен поднесок од канцеларијата на адвокат Еленко Миланов со кој го известува Судот дека од денес 25.11.2020 година обвинетиот Миле Јанакиески е со Решение за изолација поради контакт со заболено лице од Ковид-19 па се до 01.12.2020 година.

Судијата Бошевски соопшти дека по телефонски контакт со надлежната полициска станица "Карпош" добил потврден одговор дека поранепниот министер за транспорт и врски ќе биде спроведен во Кривичниот Суд Скопје со задоцнување од 30 минути па рочиштето ќе започне во 11 часот.

Јанакиески ниту на 27 октомври не се појавина судењето за предметот „Траекторија“ поради самоизолација по контакт со заболен од Ковид-19. Случајот „Траекторија“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Во оваа афера обвинети се Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП „Државни патишта“, Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола Груевски.

Јанакиески е обвинет и во „Талир“, „Титаник“, „Топлик“, „Шпански скали“, а првостепено е осуден за „Шамарите во Центар“.


Слично

Поврзани вести