Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Јанакиески побарал операција, имал фамилијарна историја на здравствени проблеми

Миле Јанакиески побарал операција, имал фамилијарна историја на здравствени проблеми

Блиски на Миле Јанакиески откриле дека тој треба да оди на оперативен зафат поради нарушеното здравје додека поранешниот министер за транспорт и врски е во истражниот затвор Шутка.

Во телефонски разговор за Алфа, неговиот адвокат Александар Новаковски вели дека тој вчера бил префрлен во болница, а интервенцијата е можна денес. Мината недела имал лекарски преглед,и бил дијагностициран проблем за операција..

Јанакиески пред две недели еднаш веќе беше во болница додека штрајкуваше со глад, а медицинскиот третман го продолжи во притворот.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески повторно има проблеми со здравјето. Тој вчера заврши во болница.

Како што објави Курир, ѕидот на преткоморите кај срцето е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.

Инаку, екс-министерот Јанакиески има фамилијатна историја на здравствени проблеми. Дополнително има и покачен холестерол, а треба да се прави и коронарографија.


Слично

Поврзани вести