Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Јанакиески оди во домашен притвор

Миле Јанакиески оди во домашен притвор

Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е пуштен во домашен притвор.

Апелација вчера на јавна седница ја разгледувала жалбата на одбраната на екс-министерот, и одлучила мерката притвор да се замени со куќен притвор.

Јанакиески беше приведен на 29. јуни заедно со седум други лица за случајот „Шпански скали".

Осомничен е за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за таканаречените „Шпански скали“ проект кој требаше да биде дел од Скопје 2014. 

Слично

Поврзани вести