Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Јанакиески не ја доби бараната операција

Миле Јанакиески не ја доби бараната операција


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор Шутка, откако лекарите потврдиле дека не му е потребна операција.

Јанакиески беше префрлен во приватна болница пет дена порано, каде бараше да биде подложен на операција на срцето.

Службениците од затворот Шутка потврдуваат дека Јанакиески е вратен во притворскиот центар, додавајќи дека по контролата е утврдено дека тој е во добра здравствена состојба.

Не е јасно дали поранешниот министер повторно ќе штрајкува со глад во притворот, каде е задржан откако беше приведен како осомничен за случајот „Шпански скали“.и неодговорно работење за уште три државни градежни плацови.


Слично

Поврзани вести