Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Јанакиески и службениците раздавале државно земјиште до август 2018

Миле Јанакиески и службениците раздавале државно земјиште до август 2018

Миле Јанакиески и останатите функционери кои денеска МВР ги уапси и им поднесе кривични пријави распродавале градежно земјишпте против државните интереси и предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра. Обвинителството побарало и мерки за имотно-правни побарувања во висина на штетата. Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени

Покрај Јанакиески, станува збор за уште Д. Д. (44) од Скопје, Б.Д.Д. (41) од Скопје, В.С. (51) од Скопје, А. Ј. (36) од Велес, Д. М. (32) од Скопје, вработени во Министерството за транспорт и врски, Е. Р. (53) од Скопје, Државен правобранител за подрачје на град Скопје од 23.01.2007 до 30.10.2018, осомничени за злоупотреба на службена положба и С.К. (54) од Скопје вработена во Агенција за катастар на недвижности осомничена за несовесно работење во службата, Р.П. (64) и Л.С. (59) нотари од Скопје, како и за М. Ј. (51) од Скопје, сопственик и управител на фирмата која требало да гради хотелски комплекс на три парцели од другата страна на Вардар спроти Градскиот парк во Скопје, како и проневера со парцелата на која требало да се градат т.н.Шпански скали во центарот на градот.

Од декември.2010 година до август 2018 година првоосомничениот заедно со петмина административни службеници постапиле спротивно на Законот за градежно земјиште и во овој период осомничените подготвиле и потпишале четири договори за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.. Во овој период осомничените подготвиле и потпишале четири договори за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата. Иако на купувачот му истекол рокот за градежна дозвола, тие му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист на штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 25.000.127,00 денари, односно 113.840.268,00 денари за вториот договор. Иако постоеле правни пречки за склучување на анекс на останатите два договори, тие се склучени со осомничено лице кое во првиот случај се јавува како физичко лице - купувач, а во вториот како сопственик на правно лице. Договорите  се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 8745м2, со цена постигната со електронско јавно наддавање во износ од 2.500,00 денари за 1 м2 или вкупна вредност од 21.862.500,00 денари и за земјиште во вкупна површина од 13 675м2, наменето за изградба на хотелски комплекси, со цена во износ од 71,00 денар за 1 м2 односно вкупна вредност од 970.925,00 денари постигната со електронско јавно наддавање.  

Станува збор за противзаконско изменување на текстови во договорите, а се направил и фалсификуван договор за дар.



Слично

Поврзани вести