Миле Јанакиески денеска за прв пат без полициска придружба на судење
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска за прв пат по три години, откако започнаа судските процеси против него, дојде без полициска придружба на судење.
Јанакиески слободен и во придружба единствено на својот адвокат пристигна на судското рочиште за предметот ТНТ, откако вчера му беше укинат притворот, кој во суштина беше куќен.
Тој е обвинет за повеќе дела, на медиумското прашање што се случува во врска со неговиот притвор само кратко одговори „Не знам, се што знам е од медиумите“. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не било информирано за укинатиот притвор.
Обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе бара притвор поради можност за бегство, бидејќи има повеќе обвиненија и првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци затвор за организација на собраниските насилства на 27ми април.
