Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Јанакиески дал отказ во ВМРО-ДПМНЕ - каде работи сега?

Миле Јанакиески дал отказ во ВМРО-ДПМНЕ - каде работи сега?

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, повеќе не е вработен во  ВМРО-ДПМНЕ и сега е дел од администрацијата на „Пелистерка“.

Ова го кажа Јанакиески на денешното судско рочиште за рушењето на  „Космос“ при проверката на личните податоци.

И поранешниот градоначалник наопштина Гази Баба, Тони Трајковски, го коригираше судот дека по заминувањето од градоначалничката функција сега работи во ЕЛЕМ.

Во случајот за рушењето на „Космос“ првообвинет е Никола Груевски, а покрај него обвинети се уште шест лица меѓу кои и Јанакиески.

Истрагата за предметот со кодно име ТНТ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година СЈО поднесе обвинителен акт.

Слично

Поврзани вести