Миле Цеков го напушти ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа не е дел од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник.
Тој не е задоволен од темпото на реализација на ветените реформи и борбата против корупцијата.
„Промените за кои влегов во политиката не се случуваат во пракса. Не прифаќам да бидам дел од систем оптоварен со корупција и криминал“, истакна Цеков, додавајќи дека постојат длабоки несогласувања со раководството на ЗНАМ.
Цеков смета дека нема пречки за вметнување на Бугарите во Уставот и дека државата со тоа ништо не губи. Тој побара промена на реториката и нов наратив во дијалогот со соседите.
Сега пратеничката група на ЗНАМ брои пет пратеници.
фото принтскрин јутјуб
