Миле Бошњаковски ќе ги води прес конференциите на Владата
Поранешниот новинар Миле Бошњаковски е назначен за нов портпарол на Владата откако претходно беше разрешен Александар Ѓоргиев.
Оваа важна функција подолго време беше непополнета, но сега се очекува Бошњаковски да ги води владините прес конференции како и да одговара на прашања на медиуми и граѓани за работата на Владата на Република Македонија.
Бошњаковски беше дел и од тимот за односи со јавност во Т-Мобиле, а има искуство и во агенција за односи со јавност.
Слично
